953
Многу реакции во Србија предизвика информацијата за наводен план за атентат врз претседателот Александар Вучиќ, која српските безбедносни служби соопштија дека од земја членка на Европската Унија.
Премиерката Ана Брнабиќ вели дека е засилено обезбедувањето на Вучиќ, откако излезе таква информација. Како што соопшти таа, атентатот се планирал за февруари.
„Се работи за сериозна закана. Информациите од Европол на писмено ги има Министерството за внатрешни работи. Сè што ќе кажам може да ја загрози истрагата и да ги предупреди тие луѓе“, рече таа, истакнувајќи дека е важно да се открие каде се луѓето кои биле закана за безбедноста на Вучиќ.