470
Првото рочиште за смртта на 20 годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски ќе започне на 9 ноември, соопштија од Основен суд Скопје 1 С. Процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски.
Саздовски на 29 јуни беше претепан на автобуската станица во населбата Автокоманда, а по десетина дена тој почина на КАРИЛ. Тој беше брутално истепан по главата и градите, а напаѓачите не сопреле со тепањето ни во моментот кога атој паднал на земја и изгубил свест.
За неговата смрт обвинети се Бесир Б. и Скендер Р., а овој инцидент со смртни последици предизвика протести и осуда со барања за правда за Саздо.