663
На вонредниот состанок на НАТО во Брисел во четврток, претседателот Џо Бајден заедно со сојузниците ќе објави нов пакет санкции против Русија, со ефект и за земјите со намера да помогнат на Москва во заобиколување на мерките, изјави денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.
-Тоа е значаен дел од ова следна фаза, ние ставаме огромен економски притисок врз Русија. И со цел да се одржи и зголеми тој притисок со текот на време, со нови именувања на санкционирани лица и ентитети. Со ефективно ставање во сила на тие санкции, огледувајќи се на претходните искуства со други земји, изјави Саливан на денешниот брифинг.