Познатиот бенд Дубиоза колектив денеска во 14 часот ќе настапат на платото на УКИМ

by Фокус

Познатиот балкански бенд Дубиоза колектив денеска во 14 часот ќе настапи пред платото на УКИМ пред Филозофски и Филолошки факултет, со што ќе им даде поддршка на студентите да истрајат во својата битка.

Дубиоза колектив е босанско-херцеговски музички бенд, основан во 2003 година во Зеница, Босна и Херцеговина. Нивната музика е мешавина од реге, даб, алтернативен рок, ска и хип-хоп, а нивните текстови се со силни социјални и политички пораки.

Окупацијата на Универзитетскиот кампус трае веќе осми ден, а вчера се прошири и во Битолскиот и Штипскиот Универзитет.

Поврзани новости