Врховниот суд е на потег за Кежаровски

by Фокус

Новинарот Томислав Кежаровски по одлуката на Апелациониот суд да не ги одлежи преостанатите три месеци од затворската казна, очекува Врховниот суд да ги поништи двете пресуди во однос на затворските казни. Тоа што Апелација го прифати условниот отпуст не значи дека не му останува запишана во досието затворската казна од две години, тоа само значи дека годината и деветте месеци поминати во притвор го исполнуваат условот дека поголем дел од казната е издржана.

За да може да се смета Кежаровски за целосно ослободен од вината ќе мора Врховниот суд да ги поништи двете пресуди, таа на Основниот суд од четири и пол години и таа на Апелација, кој првичната ја преиначи во две години. Ова е можно само доколку врховните судии проценат дека постојат повреди на Кривичниот законик, како што имаат напишано адвокатите на Кежаровски во Барањето за вонредно приспитување на пресудите кое веќе е поднесено пред Врховен.

Доколку највисокиот суд одлучи дека постојат повреди и ги поништи пресудите, тоа ќе значи дека ќе стартува нов судски процес, кој евентуално би завршил со слобода на Кежаровски.

Новинарот беше осуден за откривање на идентитет на заштитен сведок во судскиот проце „Ореше“, иако неговите написи беа објавени уште пред тоа лице да го има таквиот третман. Во меѓувреме додека најде работа, Кежаровски е избран за потпртседател на ЗНМ.

Поврзани новости