527
Познатиот балкански бенд Дубиоза колектив денеска во 14 часот ќе настапи пред платото на УКИМ пред Филозофски и Филолошки факултет, со што ќе им даде поддршка на студентите да истрајат во својата битка.
Дубиоза колектив е босанско-херцеговски музички бенд, основан во 2003 година во Зеница, Босна и Херцеговина. Нивната музика е мешавина од реге, даб, алтернативен рок, ска и хип-хоп, а нивните текстови се со силни социјални и политички пораки.
Окупацијата на Универзитетскиот кампус трае веќе осми ден, а вчера се прошири и во Битолскиот и Штипскиот Универзитет.