Познати јавни личности упатија порака за заштита на животната средина и менување на животните навики

by fokus

Во рамките на кампањата за активно вклучување во климатските акции „Сите во акција за брза реакција“, поддржана од UNDP и Министерството за животна средина и просторно планирање, се вбројуваат низа активности кои треба да ја подигнат свеста на населението за изворите на стакленичките гасови, како и итната потреба од нивното намалување или потполно елиминирање.

За таа цел, чест ни е да го претставиме краткиот видео спот во кој учествуваат актерот Фисник Зекири, маркетинг специјалистот Сања Ристиќ, готвачот Никола Исаиловски и тв водителката Јована Аврамовска. Тие во него, низ лични примери, ги презентираат позитивните навики што можеме да ги прифатиме во секојдневното живеење и со тоа да придонесеме за ублажување на климатските промени.

Поддржувачите на кампањата „Сите во акција за брза реакција“ нагласуваат дека климатските акции се особено потребни во периодот на пандемија. Иако емисиите на стакленички гасови бележат намалување поради редуцираното движење за време на полицискиот час / локдаун, се очекува тие да достигнат брз пораст со рестартирањето на економијата, а напорите за декарбонизација да се соочат со сериозен удар.

За повеќе информации посетете ја веб страната https://klimatskipromeni.mk/

 

Поврзани новости