Познатиот украински лекар, д-р Игор Иљин, директор на Клиниката за репродуктивна медицина, утрово беше застрелан пред таа установа во Киев.
Според извештаите, кон познатиот лекар бил испукан дожд од куршуми во близина на болницата во Киев.
Непознат напаѓач пукал во мажот (71) повеќе од 20 пати. Иако првично се верувало дека станува збор за боева муниција, се испостави дека се работи за гумени куршуми.
Шест проектили го погодиле во главата, а 14 во телото. Кога му снемало муниција, напаѓачот почнал да го удира со нозе по главата. Лекарот преживеал, но се наоѓа во тешка состојба.
Медиумите пишуваат дека пред 28 години д-р Игор Иљин ја основал клиниката за ИВФ (вонтелесно оплодување) пред која бил застрелан.
Установата пред која се случило кривичното дело е претставена како „Клиника бр. 1 за третман на женски и машки стерилитет во Киев“ и дава услуги од 1998 година, кога била основана од Иљин – акушер-гинеколог, специјалист за репродукција и кандидат на медицинските науки.