Познат идентитетот на жртвите во синоќешната сообраќајна несреќа кај Драчево

by fokus

Пет лица загинаа во сообраќајната несреќа која се случи синоќа околу 23.40 часот на булеварот „Борис Трајковски“, откако автомобил „рено 5“ удри во камион за смет на „Комунална хигиена“. Како што информираа утринава од МВР, со автомобилот управувал 43-годишен скопјанец со иницијали Ј.Л. кој починал на лице место.

На местото починале и сопатниците С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје.

Возачот на камионот, 44-годишниот М.Ј. пак се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.

Поврзани новости