1.2K
Жртви на двојното убиство што рано изутринава, околу 03:00 часот се случи на ул. Македонско-Косовска бригада во скопската населба Топанско Поле, се Африм Бериша и Бурим Вардар, пренесе АлсатМ. Според информацијата жртвите се застрелани во автомобил.
Бројни полициски сили се на местото на настанот и го испитуваат случајот. Засега не е познат мотивот за Убиството.