Бугарската Влада за увоз на руската вакцина „Спутник V“ ќе се консултира со ЕК

by Fokus 08:38
08:38

Бугарската Влада ќе се консултира со Европска Комисија за увоз на руската вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, јави дописникот на МИА од Софија.

Таквата одлука уследи откако опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и понуди на Владата во Софија да почне итни разговори за увоз на руската вакцина, но проектот беше одбиен како спротивен на Законот за лекови во хуманата медицина.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Заменик министерот за здравство Бојко Пенков на самиот почеток на сесијата на Здравствениот комитет на бугарскиот Парламент истакна дека е воведена централизирана европска процедура за вакцините. Тој го опиша предлогот на БСП како неприменлив.

БСП потсети дека Полска, Унгарија и Словачка увезуваат вакцини кои не се одобрени од Европската комисија за лекови (ЕМА).

Извршниот директор на Агенцијата за лекови во Бугарија, Богдан Кирилов, изјави дека националното законодавство на овие земји дозволува неовластен производ за итна употреба што не го дозволува ЕК, за разлика од бугарското законодавство, кое не дозволува такво решение.

Поврзани новости