Позитивен е полицаец од Унгарија, кој е на работна задача во земјава, истакна Филипче

by Fokus

Во Дом за стари лица во Ченто и Кадино има две позитивни штитенички и тројца вработени, а позитивен е полицаец од Унгарија кој е на работна задача во земјава, па околу 30 полицајци кои биле со него ќе се тестираат, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во Штип дадени се 55 решенија за самоизолација, еден дел од вработените во петте текстилни фирми се тестираат. Во Тетово се проверуваат 40 лица од приватна фирма. Вчера во Липково се утврдени 12 заболени, а во Чаир и Студеничани 10 семејства се тестираат – истакна Филипче.

Поврзани новости