Пет случаи на корона вирус во домови за стари лица во Скопје

by Fokus

Пет позитивни случаи на корона вирус се откриени во домови за стари лица во Скопје преку скринингот за Ковид-19, информираше министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Станува збор за приватен дом за стари лица кој има објекти во населбата Ченто и во село Кадино.

Министерот информира дека во едниот позитивни на коронавирусот се две штитенички, а во другиот тројца вработени.

„Изанализирани се сите контакти и дадени се решенија за изолација“, рече Филипче.

Поврзани новости