Пожарот во Шпанија излезе од контрола, се евакуира населението

by fokus

Пожарот во западна Шпанија, во регионот  Екстремадура излегле од конторла, поради што се евакуира населението, соопштија локалните служби. Досега евакуирани се 550 луѓе.

-Пожарот е надвор од контрола, а времето особено им ја отежнува работата на пожарникарите – изјави командантот Давид Барона од воената единица за вонредни ситуации.

Околу 250 пожарникари пак, работат заедно со шпанската армија за гаснење на шумските пожари во областа Пинофранкеандо, во близина на границата со Португалија.

Поврзани новости