Пожарот во Побожје под контрола, сопственикот на опожарената куќа критикува

by Fokus

Пожарот во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево, кој изби попладнево при што беа опожарени две куќи, е ставен под контрола.

На терен интервенираа четири возила на противпожните екипи од Скопје, кои како што информираше командирот Владимир Симоновски дошле од околината на ОКТА каде гаснеле друг пожар.

„Пожарот во Побожје е ставен под контрола и се работи на расчистување на теренот, нашите екипи не дозволија тој да се прошири на соседните куќи“, рече Симоновски за Телма.

Сопственикот на опожарената куќа обвини дека пожарната ја чекал повеќе од еден час и потенцираше дека селото нема вода веќе пет дена.

Поврзани новости