Пожарот во депонијата Дрисла е подметнат, тврдат од јавното претпријатие

by Fokus

Пожарот што утрово изби во скопската депонија Дрисла е подметнат, соопштија од ЈП депонија Дрисла Скопје. Во соопштението до јавноста што го испрати претпријатието стои дека пожарот бил изгаснат од вработените во депонијата со помош на пожарникарите од Противпожарната бригада на Скопје и дека продолжуваат нормално со работа.

Од ЈП депонија Дрисла Скопје тврдат дека изминатите неколку дена се објавуваат невистинити и лажни информации за состојбата на депонијата за да се создаде паника меѓу локалните жители дека депонијата го загрозува здравјето и животот на граѓаните.

-Истото се случи денес во раните утринскичасови, со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла. Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на Дрисла со помош на пожарникарски служби. Пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности. Од страна на полицијата направен е увид и записник и истата ќе постапува согласно своите ингеренции, соопшти ЈП депонија Дрисла Скопје.

Претпријатието ги повикува МВР и Основното јавнообвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети.

-Против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата Дрисла, од страна напретпријатието ќе бидат покренати соодветни постапк, соопшти ЈП депонија Дрисла Скопје.

Од ова јавно препријатие потсетуваат дека депонијата Дрисла е единствена санитарна депонија во државата, која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштитана животната средина.

-Депонијата истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниотинспекторат за животна средина, соопштија од претпријатието.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости