Пожарот кај Пехчево е активен и сериозен, а огнената стихија се шири кон Берово, поради што беровскиот гадоначалник, Звонко Пекевски, алармираше за ситуацијата и побара од населението да се вклучи масовно во гаснењето.
„Ситуацијата со пожарот, кој избувна во атарот на општина Пехчево е исклучително сериозна и полека но сигурно се префрла и на територијата на општина Берово, кон најблиските села. Пожарот е високо на шумските предели на селата, но се шири на голема површина. На терен се ТППЕ од Берово и Пехчево како и Шумското стопанство, Центарот за управување со кризи и ДЗС. Се апелира до месното население, кон масовно вклучување во гаснењето на пожарот, како би се намалиле последиците и штетите би биле помали. Ви благодариме доколку доброволно се вклучите во гаснење на пожарот!, повика Пекевски на социјалните мрежи.