Пожарот на Водно ставен под контрола

by Фокус

Командантот на Скопската противпожарна бригада Благоја Менковски утринава потврди за медиумите дека пожарот на Водно е изгаснат уште синоќа и оти е интервенирано со 13 цистерни. За среќа огнот не се проширил низ околните населби.

Пожарот кај Теферич избувна вчера попладнето, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше ставен под контрола и немаше опасност од негово проширување. Според информациите од терен горела сува трева и грмушки.

 

Поврзани новости