Напишана првата жалба на обвинител против одлуката на судот за прислушувањето

by lali 10:17
10:17

На истекот од рокот предвиден за жалби на јавните обвинители задолжени во предметите со прислушувањето во Кривичниот суд пристигна првата жалба. Рокот истекува денеска и неизвесно е колкумина од обвинителите ќе се пожалат на судската одлука со која аудио снимките се прогласени за незаконски и се издвоени од досиејата.

Според судски извори првата жалба е на обвинителката Наташа Крстевска Цалева, инаку ќерка на познатата, сега пензионирана обвинителка Роксанда Крстевска. Наводите кои таа ги истакнала во жалбата се однесуваат на нееднаквиот третман, односно нееднакви стандарди меѓу Македонија и Швајцарија, согласно меѓународните конвенции за човекови права.

- Advertisements -

Доколку се следи нејзиниот пример тогаш очекувано е во текот на денот да следуваат и други жалби на обвинителите кои се ангажирани во предметите со прислушувањето. Инаку, неофицијално кај неа меѓудругите се аудио снимките на кои, според опозицискиот СДСМ, се слуша гласот на екс- министерот Миле Јанакиевски. Тука се разговорите преку кои тој со премиерот зборува за провизија при изградбата на автопатите низ државата.

Според процедурата сега ќе следува рокот за одговор на жалбата на обвинителката, односно ќе им се даде можност на адвокатите на осомничените да се изјаснат.Потоа предметот ќе оди во Апелацискиот суд во Скопје кој има две опции- или да застане на страната на судијата за претходна постапка, односно дека снимките се обезбедени на незаконит начин и дека се издвојуваат од предметите, или пак да ја прифати жалбата на обвинителството. Во својот јавен настап државниот обвинител Марко Зрвлевски потенцираше дека секој обвинител самостојно ќе одлучел дали ќе поднесе жалба на судската одлука.

Иако судот избрза со одлуката во предистражната постапка сепак коментарите на правниците и експертите се дека тоа нема да влијае на обвинителите, пред се на специјалниот обвинител доколку биде избран, во иднина да преземе активности и да утврди одговорност. Едноставно, снимките се само индиција и ќе мора да се истражува предмет по предмет за да се стигне до докази и одговорни.

Поврзани новости