519
Пожарникарските екипи пристигнале на местото каде што се преврти автобусот кај Карпалак 40 минути по несреќата. Ова во вечерашната емисија на „360“ го потврди Драги Тарчуговски од Центарот за управување со кризи.
Според него, ова не е задоцнување со оглед на местото каде што се стационирани екипите во Автокоманда до местото на несреќата кај селото Ласкарци, особено за време на сообраќајниот шпиц во Скопје.
Пожарникарите беа задолжени за извлекување на патниците, од кои најголем дел беа приклештени под превртениот автобус.