Трамп ќе им биде конкуренција на Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир

by fokus

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека јапонскиот премиер Шинзо Абе го предложил за кандидат за Нобелова награда за мир поради неговата работа за отпочнување дијалог со Северна Кореја.

Говорејќи за претстојниот самит со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун во Виетнам, Трамп рече дека неговите први контакти со Ким биле преполни со „оган и бес”, но дека двајцата лидери, од првиот состанок минатата година, воспоставиле добри односи.

Тој додаде дека јапонскиот премиер му дал копија од писмото што го напишал, во кое тој го предложил за кандидат за Нобелова награда.

Поврзани новости