Пожарникарите и насобраните граѓани од поплавеното игралиште синоќа евакуирале деца кои се наоѓале во просторот кој при поплавата почнал да се полни со вода, пренесува Нови лист.
Еден маж го загуби животот во невремето што вчера попладне го зафати хрватскиот град Риека и неговата околина, јавија хрватските медиуми.
Полицијата во Риека извести дека околу 19 часот и 30 минути добила пријава дека во поплава под автомобил е пронајдено машко лице. До доаѓањето на Брзата помош, мажот починал, а телото е испратено на обдукција, објави Индекс.хр.
Силен дожд во Риека предизвика поројни поплави низ градот и бројни проблеми во сообраќајот.
Делови од градот останаа без струја.
„Во Риека околу 19 часот почна да врне силен дожд кој го поплави центарот на градот. Добиени се многу барања за испумпување на водата. Сообраќајот е затворен по улиците Фрање Рачко, Шкољиќ и Фиумара – објави на Твитер службата за цивилна заштита на хрватскиот МУП.