697
Во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и 3 возила) се упатуваат да помогнат на граѓаните на Кочани и ќе се стават на располагање на тамошните служби, информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи.
„Екипата на пожарникари е надополнета со 6 возила (цистерни) за дотур на вода, од скопските комунални претпријатија. Во текот на денешниот ден, скопските пожарникари гасеа 9 пожари во Скопје и скопско, а 2 екипи беа на испомош во Старо Нагоричане.
Апелирам до граѓаните внимателно да се однесуваат во овие топли денови. Мало невнимание може да предизвика сериозни последици“, додаде Шилегов.