Пожарникар повреден при гаснење на пожар во стара библиотека во Прилеп

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, при настанат пожар во стара напуштена библиотека во Прилеп, пожарникар се здобил со повреди, велат од МВР.

„На 17.10.2022 во 16:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Рампо Левката“ настанал пожар во стара напуштена библиотека.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а притоа со повреди се здобил пожарникарот Д.Б.(45) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп“, додаваат од МВР.

Поврзани новости