343
Во Украина повеќе од 1.100 населени места сè уште се без струја по руските удари врз инфраструктурата, соопшти денеска украинската служба за вонредни состојби.
– Во моментов 1.162 места се уште се без струј“, изјави Олександер Хорунџи, портпарол на службата.
Тој соопшти дека од 7 октомври околу 4.000 населени места останале без струја по воздушните напади извршени од руските сили..
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека 30 отсто од електричните инсталации во земјата биле оневозможени во руските напади минатата недела.
Тој во денешниот твит соопшти дека нападите предизвикале огромни прекини на електричната енергија низ целата земја.
Руски проектили ја гаѓаат украинската електрична мрежа од 10 октомври.