Пожарникар починал при гаснење на пожар во Штип

by fokus

57-годишен пожарникар починал при гаснење на пожар на оџак од зграда во Штип, пренесува МВР. За време на интервенцијата, на пожарникарот му се влошила состојбата, а кога бил однесен во Клиничка болница во Штип, била констатирана смрт.

„На 19.12.2018 година околу 17,15 часот во Штип на улица „Браќа Даневи“ при гаснење на пожар (оџак од зграда на наведената адреса), на Ѓ.Џ.(57) – пожарникар, му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде била констатаирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости