702
На патот Струмица – Просениково вчера бил физички нападнат пожарникар, соопштуваат од ТППЕ Струмица.
Пожарникарот бил нападнат со мотика при вршење на работните задачи, односно во миговите кога го гасел пожарот на запалена трева покрај патот и бил удрен во пределот на раката.
„Нападот е пријавен во полиција, а нападот врз пожарникар се смета за кривично дело, напад врз овластено лице од областа на безбедноста, и предвидени се затворски казни“, велат од ТППЕ Струмица.