622
Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи денеска одржа седница на која беше разгледана подготвеноста за справување со пожари, при што е заклучено дека неколкуте пожари кои избувнаа во земјава се ставени под контрола.
– Пожарите коишто беа активни во Општина Берово, како и другите пожари низ државата се ставени под контрола. МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24-часовно дежурство и надгледување на пожарите, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.