Коцарев вели дека Македонците ќе исчезнат ако не се раскинат Преспанскиот и договорот со Бугарија

by fokus

Првиот човек на највисоката национална научно-творечка институција смета дека Договорот со Бугарија и Преспанската спогодба, претставуваат извор на сите витални проблеми и се претпоставка за разнебитување на Македонија.

Во своја анализа објавена во Нова Македонија, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Љупчо Коцарев, вели дека ако овие два договора не се раскинат, Македонците ќе исчезнат, а во ЕУ ќе влезе Македонија, но не и Македонците.

-Или двата документа ќе се величаат, ќе се почитуваат и ќе се имплементираат, што дефинитивно ќе доведе до исчезнување на Македонците, или и двата документа ќе се оспоруваат, ќе се негираат и ќе се раскинат. Нема можност за избор помеѓу нив: или двата или ниеден, пишува Коцарев.

 

Поврзани новости