464
Во текот на вчерашниот ден, полицијата лиши од слобода 19-годишно момче од село Врбоец, крушевско, поради тоа што било забележано како подметнува пожар во атарот на селото.
„Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10:40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума. СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.