Зорица Заева ќе се дружи со Бети Базиана додека трае посетата на Ципрас

by fokus

Сопругите на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас, приватно ќе се дружат додека трае официјалната посета на грчката делегација во Владата на Република Северна Македонија.

Ципрас утринава пристигна на скопскиот аеродром, придружуван од својата невенчана сопруга, Бети Базиана. Од Владата потврдуваат дека сопругите ќе имаат своја програма.

„Сопругите се тука и двете и имаат засебна програма која не е јавна“, велат од Владата за „Фокус“.

Поврзани новости