463
Вчера околу 11:30 часот во струшката полиција бил пријавен пожар на улица „Боро Шаин“. Во куќата во која избувнал пожарот се наоѓала 62-годишната Л.Д. која се здобила со изгореници, а истата поради сериозноста на повредите била пренесена на скопските клиники.
Со телесни повреди се здобила и 31-годишната Ф.Д. која пак била задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струа.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на слуачјот.