422
Пожарникарите од Старо Нагоричане вчера гаселе пожар на помошен објект полн со огревни дрва и трупци, кој потоа се проширил и ја зафатил околната нискостеблеста шума на површина од три хектари во село Стрезовце, соопштија денеска од РЦУК – Куманово.
– Пожарот е пријавен околу 15:30 часот. Го гасеа две екипи со две возила, првично беше локализиран во 19.30, а целосно изгаснат во 21.30 часот, кога се врати и последната екипа, изјави командирот на ТППЕ – Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Кумановската противпожарна единица, изминатово деноноќие гасела пожар во месноста „Ливади“ во населбата Карпош, каде горела сува трева и ѓубре. Пожарникарите од Куманово интервенирале и на опожарен автомобил во село Романовце.