659
Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на Штип што се случил вечерва, јави дописничката на МИА.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев, вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда.
Причините за пожарот сè уште не се познати, се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.