Пожар во „мерцедес“ кој движел кај Арачиново

by Fokus

Вчера утрото било пријавено дека настанал пожар во приколка на товарно возило кое се движело во близина на Арачиново, кон клучката Стајковци.

„На 30.06.2022 во 09:40 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на обиколница Скопје, во близина на клучка Арачиново кон клучка Стајковци, настанал пожар во приколка на товарно возило во движење „мерцедес“, со неготински регистарски ознаки. Возилото било управувано од А.К.(31) од с.Студеничани, скопско.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, соопштија од МВР.

Поврзани новости