390
Во џамија во јужна Калифорнија изби пожар, што брзо беше локализиран, а на паркингот е пронајдена порака поврзана со неодамнешниот терористички напад на Нов Зеланд, соопшти американската полиција.
Во пожарот, за кој постои сомневање дека е подметнат, никој не е повреден, а припадниците на Исламскиот центар Ескондидо успеале да го изгаснат огнот пред да стигнат пожарникарите.
Џамијата е лоцирана на 48 километри северно од Сан Диего. Истрагата испитува дали инцидентот извршен од омраза и дали е подметнат.
Полицијата не ја откри содржината на пронајдената порака. Во терористичките напади врз две џамии во Крајстчерч на Нов Зеланд загинаа 50 луѓе.