Поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул ќе се преименува во џамија

by fokus 10:31
10:31

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека постои можност поранешната црква „Света Софија“ во Истанбул, која моментално е музеј, да ја преименува во џамија по локалните избори закажани за 31 март.

Ердоган во телевизиско интервју на прашање за музејот рече дека „Света Софија“ може да биде „преименувана во џамија“.

- Advertisements -

Византиската црква „Света Софија“ е изградена во 537 година, а во џамија е претворена во 1453 година, за време на Отоманското царство. Потоа во 1935 година е претворена во музеј.

„Аја Софија“ се наоѓа на списокот на светскoто културно наследство на Организацијата на Обединетите Нации за образование, култура и наука (УНЕСКО).

Грција претходно во неколку наврати изрази негодување за најавите за промена на статусот на „Света Софија“.

Поврзани новости