Пожар во болница во Пекинг, 21 лице загина

by Fokus

Дваесет и едно лице загина во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, по што се евакуирани десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.

Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.

Видео снимките од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, додека некои луѓе излегуваат низ прозорците со јаже направено од чаршафи. Други се качиле на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.

Пожарот е изгаснат, а причините се истражуваат, се наведува во извештаите, пренесува „Еј-Би-Си Њуз“.

Поврзани новости