477
Десет семејства во општина Петровец од изутрината се без покрив, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја, јавува Сител.
Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи. Градоначалникот на општината вети помош за лицата и семејствата кои го изгубија домот.
Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој се случи во бошњачката населба во општина Петровец.