348
Шумски пожар избувнал во одморалиштето Аланија во Анталија, во Турција и зафатило површина од околу 190 хектари.
Една куќа е оштетена, а евакуирани се 17 куќи, но за среќа нема повредени, јавува државната телевизија ТРТ.
Телевизијата информира дека пожарот е во шумско подрачје во Аланија во близина на населба и дека во гасењето се вклучени сите расположиви тимови на пожарникари како и авиони.
Турскиот министер за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли од авион го надгледува регионот зафатен од пожар.