Пожар среде ноќ во поткровје на зграда во Центар: Пет лица побарале лекарска помош

by irena 15:25
15:25

Пет лица побарале лекарска помош по пожар што избувнал во поткровје на станбена зграда на подрачјето на скопската населба Центар.

Според информациите од МВР, пожарот бил пријавен денеска по полноќ, околу 02:25 часот. При обид со противпожарни апарати да го локализираат огнот, двајца скопјани, на возраст од 54 и 49 години, вдишале чад и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

По интервенцијата на екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот бил целосно изгаснат.

Подоцна, поради вдишување чад, на лекарски преглед се јавиле уште три лица.

На местото на настанот извршиле увид полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот е известен и јавен обвинител. Се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот.

Слични вести