960
Пожар го зафати комплексот на езерото Треска, во скопската општина Сарај. Пожарот е пријавен во 17:15 на површина од околу 3,000 квадрати, претежно на нискостеблеста шума и ѓубриште.
Притоа, пожарникарите биле спречени да влезат, бидејќи кога пристигнале капијата била затворена. Затоа, побарале полициска асистенција за да го скршат катанецот на капијата.
Интервенирано е со 2 противпожарни возила и 5 пожарникари, по што пожарот е локализиран.