563
Пожар избувна вечерва на планината Водно, во пределот над Клиниката за детски болести „Козле“.
Во гаснење на пожарот интервенираат три возила и десет пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
– Состојбата е под контрола, се намалува интензитетот и нема поголема опасност, изјави за МИА, Владимир Симоновски, командир на Бригадата за противпожарна заштита.