Пожар на автомобил во Ист Гејт ги евакуираше посетителите

by Фокус

Попладнево околу 18 часот е регистриран пожар на автомобил во гаражата на Ист Гејт. Веднаш потоа е наредена евакуација и на повеќе објавени видеа се гледа како посетителите се обидуваат да излезат од молот.

Евакуацијата е извршена успешно и бргу, а иако немало пријава на 193, скопските пожарникари реагирале откако добиле повик од колега кој бил во трговскиот центар кога се вклучил алармот.

При евакуацијата, затворени се и сите продавници во молот, а по расчистување на ситуацијата раководството на Ист Гејт ќе соопшти кога овој трговски центар ќе биде отворен за посетители повторно.

Поврзани новости