796
Во пожарот кај грчкиот град Коринт изгореле 5.200 хектари шума, од вкупно 7.100 хектари изгорена површина според анализата на сателитските податоци што ги објавува порталот „Метео“ на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите податоци во периодот 2000-2021 година во Грција биле регистрирани 980 големи шумски пожари, а во секој од нив биле изгорени над 50 хектари шума.
Минатонеделниот пожар е меѓу 15 најголеми во изминатите 20 години, односно е на 13-то место според големината, а според изгорената шумска површина е најкатастрофалниот во последните десет години.
Пожарот избувна во средата вечерта, активен беше неколку дена, а беа евакуирани голем број населби и манастири во пошироката околина.