Пожар избувна во данската фармацевтска компанија „Ново Нордиск“, 100 пожарникари на терен

by Fokus

Голем пожар избувна во канцелариите на данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“ во близина на Копенхаген, соопштија пожарникарите.

„Ова е огромен пожар. Имаме околу 100 пожарникари на теренот“, изјави за AFP шефот на противпожарните операции Мартин Смит, додавајќи дека сите се евакуирани од зградата во Багсвард, во северниот дел на Копенхаген.

Пожарот избувнал во контејнер на градилиште на „Ново Нордиск“ и се проширил на покривот на соседната деловна зграда, која исто така е во сопственост на компанијата.

Големи облаци од сив чад биле видливи на оддалеченост од 30 километри од пожарот, јави данската новинска агенција Рикау.

Пожарот се случи помалку од една недела по оној што избувна на 16 мај на друго градилиште на „Ново Нордиск“ во Калундборг, што не влијаеше на производството на лекови.

Поврзани новости