Пожар изби утринава во дуќан во Скопје и зафати две паркирани возила

by fokus

Во тапетарски дуќан на булеварот „Македонско Косовска бригада“ утринава изби пожар при што биле зафатени и две возила кои биле паркирани во близина.

„Денеска во 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско Косовска бригада“ во тапетарски дуќан сопственост на А.Д.(51) настанал пожар, кој зафатил и две возила кои биле паркирани пред дуќанот. Повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши“, соопштија од МВР.

Поврзани новости