Повторно зголемен број нови случаи на Ковид-19 во Грција

by fokus

Веќе трет ден во Грција е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, највисок во изминатиот период, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Националната организација за јавно здравје, во изминатите 24 часа, регистрирани се 65 нови случаи, од кои 17 се по направените тестови на влезните точки во земјата, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 4.401.

Меѓу денешните се и 17 увезени случаи кај лица кои доброволно се тестирале, а 16 од нив се вработени во танкер што е закотвен на атинското пристаниште Пиреас.

Поврзани новости