Повторно земјотрес во Турција

by fokus

Во западниот дел на Турција, во близина на Измир, ноќеска се случи нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил со епицентар 89 километри североисточно од Измир, и на 7 километри од градот Ахисар на длабочина од 7 километри.

Ова е уште еден од серијата на земјотреси кои во изминатите два месеци ја погодија оваа земја. На 23. јануари силниот земјотрес во Елазиг однесе 41 човечки живот, а над 1600 беа повредени.

Поврзани новости