523
Земјотрес со јачина од 4.6 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран со епицентар во Јонско море.
Првичните информации говорат дека локацијата е во близина на грчкиот остров Закинтос, а земјотресот бил на длабочина од 14 километри.
Грција и Романија во последните неколку денови се место кајшто се случуваат земјотреси, по разорниот земјотрес во Турција и Сирија на почетокот на овој месец.